Финалистка го откажа настапот на Австралија опен

Тенисерката од Кина Чинвен Женг која играше во финалето 2024 во Мелбурн соопшти дека нема да настапи на годинашниов турнир Австралија опен. Турнирот во Мелбурн ќе се игра од 18. јануари до 1. февруари.

 

– Според мислењето на мојот тим и медицинските совети, донесов одлука да се повлечам од Австралија опен. Носењето на одлуката беше исклучително тешка. Мелбурн е моето „среќно место“. Таму ја постигнав првата победа на главен турнир на Грен слем. Навистина очекував и се радував на почеток на сезона на Мелбурн Парк. Процесот на рехабилитација напредува, но моменталната состојба не е доволно добра за да играм турнир на ова ниво, напиша на Инстаграм тенисерката од Кина.

 

Женг најголемиот успех го имаше токму 2024 година во Мелбурн, кога во финалето загуби од Арина Сабаленка со 2:0 во сетови.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close