Финансиска полиција поднесе кривична пријава против службеник во Министерството за животна средина

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на службено лице – раководен државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, поради постоење на основано сомнение дека истиот во текот на 2021 година ја искористил својата службена положба.

Раководниот државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање постапил спротивно на член 108 ст.1 и ст.8 од Законот за животна средина, на начин што без да биде извршен увид во инсталацијата и нејзината работа заради утврдување на исполнувањето на барањата согласно законските прописи, лично изработил и одобрил А-интегрирана еколошка дозвола на ЈПДКО Дрисла Скопје, иако истите не поседувале соодветна опрема и инсталации за прием и третирање на 22 шифри на опасен отпад од наведените 36 во издадената дозвола, по што во текот на 2021 година во ЈПДКО Дрисла бил примен и третиран 16.900 килограми опасен отпад од неколку правни субјекти, со што пријавениот сторил и кривично дело Загадување на животната средина и природата согласно член 218 од Кривичниот законик на РСМ, а притоа наведениот правен субјект се стекнал со имотна корист во износ од 455.368 денари, се наведува во денешното соопштение од Управата за финансиска полиција.

Back to top button
Close