Финансиската полиција во вторник влегува во М-НАВ

Финансиската полиција најави дека во вторник ќе влезе во Македонската навигација – М-НАВ за да го испитува целокупното финансиско работење, пренесе Сител.

Според најавите, ќе се испитува целокупното финансиско работење, работата на целокупниот менаџмент, јавните набавки, работењето на синдикатот како и последните вработувања.

Ова следи по нападот врз вработените во контрола на летање, што се случи вчера по прес-конференцијата на Синдикатот на М-НАВ, на која беше објавен ставот на членството, дека не прифаќаат вработувања по притисок на раководството.

Back to top button
Close