Финците по 4 ти пат најсреќни, ние ниско на скалата среќни

Објавен е нов извештај на World Happiness Report, статистичка анализа за одредување на најсреќните земји во светот.

Според резултатите, четврта година по ред Финска е најсреќната земја во светот. Особено се истакнува способноста политиката да ја ускладат со општото чувство на благосостојба.

t

За да ја одредат најсреќната земја во светот, експертите анализирале податоци од истражувања од 149 земји. Во предвид биле земени бруто домашниот производ по глава на жител, социјалната политика и здравиот животен век, но и слободата на носење сопствени животни избори, великодушноста на популацијата и нивото на корупција.

Интересно е што првите седум најсреќни земји во светот се во Северна Европа. На првото место е Финска, а по неа следат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска.

Најмалку среќна земја во светот е Авганистан, која се наоѓа на 146 место, а меѓу петте последни земји на листата се и Зимбабве, Руанда, Боцвана и Лесото.

Најдобро рангирана земја во регионот е Словенија на 29 место. Србија е на 48 место, Хрватска на 59 место, Босна и Херцеговина на 63 место, Црна Гора на 71 место и Македонија на 92 место.

Back to top button
Close