Финската премиерка Сана Марин утре доаѓа во Скопје, посебен сообраќаен режим во центарот на градот

Финската премиерка Сана Марин утре ќе дојде во официјална посета на Северна Македонија. Според агендата, предвидено е таа да пристигне во Скопје попладне околу 14 часот, а пред платото на владата ќе ја пречека премиерот Димитар Ковачевски.

Двете делегации ќе имаат билатерален состанок, а Марин и Ковачевски ќе одржат и заедничка прес-конференција.

Од МВР најавија дека во центарот на Скопје има посебен сообраќаен режим во тој период и апелираат до возачите да ги почитуваат наредните од полицајците.

„На 20.06. и 21.06.2022 (понеделник и вторник) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе пристигне премиерката на Република Финска, Сана Марин. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници“ велат од МВР.

Финска заедно со Шведска, се двете земји кои по руската инвазија на Украина решија да ги променат своите безбедносно неутрални политики и да побараат да влезат во НАТО сојузот. На 18 мај властите официјално ги поднесоа барањата за членство, а истиот ден владата во Скопје на вонредна седница го овласти нашиот амбасадор во НАТО, Дане Талевски, да даде согласност за прием

Back to top button
Close