Финскиот претседател му кажал на Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност
Претседателот на Финска, Александар Стуб, во телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп изјави дека се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа „презема одговорност“, соопшти кабинетот на финскиот претседател.

Разговорот се одржа истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО.
Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен.
„Конструктивна дискусија и размена на мислења за НАТО, Украина и Иран. Постојат проблеми што треба да се решат прагматично“, наведе Стуб на социјалните мрежи.
Во соопштението од неговиот кабинет се додава дека темата за „поевропско НАТО“ ќе биде на дневен ред на самитот на НАТО што треба да се одржи на 7 и 8 јули во Анкара.
Западниот воен сојуз на тест? Трамп вели дека е можно Америка да излезе од НАТО
За НАТО денеска зборуваа и од Франција, како своевидна реакција на изјавите на Трамп за напуштање на САД од Алијансата.
Алис Руфо, помладата министерка за француската армијата и блиска соработничка на Емануел Макрон, рече дека разбира оти Американците се незадоволни од одбивањето на Франција да се приклучи на коалиција за итно деблокирање на теснецот.
Но Париз, како што додаде, претпочита да работи на план за обновување на транзитот и слободата на пловидба со средства „кои не се од офанзивна природа“.
„Зборувам во име на земја која е основачка членка на Атлантската алијанса (НАТО) и на Европската Унија, и која во изминатите 20 години вели дека Европејците мора да преземат поголем дел од одговорноста за колективната одбрана во Европа“, дополни таа.






