Финта- Developing story

Че го рушимо!

Пред една година напишав текст за мојата страница Freelance View за пренесувањето на ингеренциите од градоначалниците на владата  за рушење на дивоградбите низ државата. Деновиве се огласи “најпопуларниот“ градоначалник од Струга со нови погледи на состојбите. Решив да го ажурирам текстот со новите збиднувања. 

Тој че руши, не ја!

Ова е добра финта. Градоначалниците на Струга и Охрид бараат од Владата да и ги пренесат ингеренциите како градоначалници. Па Премиерот нека си ја лупа главата од зид. Добивале закани. Јас им верувам. А и заканите можеби се основани. Кој знае?  Еден заканувач од Струга вели: Слушај ваму! Ја сам ти дал паре, а ти че го рушиш сега! Мисли малку!  А градоначалникот одговара: Не, не јас нема да го рушам! Премиерот че го руши! Знаш добро дека  ми  рамковни смо градитељи, а македонците рушат! Тој че го руши! Му пренесов ингеренции. Самиот знаш колко сам ја добар. Само погледни колко ја сам издал дозволи за дивоградби за мој сегашен и предходен мандат! Не си во право. Ја сам да се гради и дивогради. Тој че руши, не ја!

Сигурно во најава има и други градоначалници. Еве на пример во Тетово. Таму пренесувањето на ингеренциите ќе биде веројатно по академски и поцивилизирано. На некое повисоко ниво. Во стилот:  Немоем веќе. Си го нарушив здравјето. Од издавање дозволи за дивоградби! А Премиерот ќе си ја лупа главата од зид, затоа што тие се рамковно привилегирана Ел Команданте партија. Без нив никој не може да формира влада. 

Треба да се очекува пренесувањето на ингеренциите да стане масовна појава. Затоа што е добра финта. На пример, издавањето на градежни дозволи за дивоградби од градоначалниците,  мои пријатели велат, најдалеку и нај инвентивно е отидено во општина Чаир. Дозволите за дивоградби дозволуваат градба на станови и без прозори. 

Ако помине предлогот на ДУИ за Премиер, веројатно ќе видиме дивоградби со дозволи, каде покрај станови без прозори, новодивоградбите ќе имаат и заеднички соби за вршење нужда. И тоа без одвод  и довод. Нема потреба од тоа. 

Во оваа естрада на гнилеж и гнасотии во јавноста пред изборите, најлесно и најтивко се пренесуваат ингеренции. Па тој нека си ја лупа главата. Тој е рушител. 

Ова е стварно добра финта. 

Developing story

Деновиве….

Пред извесно време пак се јавил стружанецот и разговарал со градоначалникот. Накратко му рекол, море ееј, знаш дека сам дал паре ееј! Ако го рушиш че пуцам ееј! Градоначалникот му рекол, абе човек ти си наш,како не разумеш! Тој че го руши не ја! А и самиот знаш, ако го руши, че га мењамо! Ти добро знаш кога бевме со ДПМНЕ колко имаше ред! Прво че пуштимо један контигенат на дозволи за дивоградби, па че пуштимо закон за легализација!  Си имаше ред! Не се секирај, ако руши че го мењамо!!

Пред некој ден пак му се јавил заканувачот му вели, море ееј…слушаш ли ти што збори Јунеско!  Градоначалникот вели, кој је тај Јунеско?!  Не га знам! Да није неки наш из Швицарска,а?! 

Не се секирај. Ми смо искусна партија. Шта мислиш, зашто ми ДУИ предлажемо наш премијер, а?!  На јесен кога Хоти че го мења границата со Србија, ми ДУИ, че имамо Премијер на Македонија, за сваки случај и ми да не треба да мењамо!  Ти не знаш виша политика. Македонци су наивни и глупи!  Ништа не разбират на време!

Стружанецот, море еееј!…..

Можеби е во право за македонциве. Најважно им е дали ќе пишувало на македонски во тетратките во Брисел. А не што пишува во првиот фундаментален кластер во преговорите, како што се јавната администрација, владеење на правото, корупцијата….

Жално

Знаете што е најжално? Од вакви, било македонци, било албанци, веќе 20 плус години страдаат граѓаните кои редовно ги извршуваат граѓанските обврски. Без разлика дали се работи за плаќање на сметките или даноците. Исто ви е дали се работи за дивоградење или не плаќање сметки или даноци. На крајот тие сметки ќе ги платат совесните граѓани, кои жално, ама стануваат малцинство. 

Затоа се потребни промени на овие избори. Дуи и будупештанската партија можат слободно пак да прават коалиција, ама во опозиција. Нека одморат малку, до нивно изчезнување. 

А за овие што имаат намера да ја водат државата наредните четири години, има време. Ако продолжат со нивната радодајна политика на се и сешто, прашање е дали малцинството на совесни граѓани ќе го издржи и ќе го толерира тоа. Затоа што тоа совесно малцинство со години наназад плаќа двапати. Покрај своите сметки, плаќаат и  за тие што дивоградат и тие што не плаќаат сметки и даноци. 

Руди Лазаревски

Back to top button
Close