Фирма на Македонец од Перт и на МПЦ ќе го собира антимонот од Кривопаланечко со пари од Америка

 

По повеќе децении, рудникот за антимон „Крстов Дол“ кај Крива Паланка се подготвува за повторно активирање. На локацијата ќе работи „Пела глобал лимитед“ (Pela Global Limited)“, фирма во сопственост на Австралиецот со македонско потекло Ник Јовановски, чија главна стратешка цел е наоѓање злато, сребро и антимон во земјава. Фирмата веќе е инсталирана и длабоко навлезена во бизнис водите во државава поврзани со минералите и енергетиката.

Порталот Призма мк на 5 ти август минатата година објави за влегувањето на МПЦ ОА во сопственоста на Австралиската фирма „Пела глобал лимитед“

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и австралиската компанија „Пела глобал лимитед“, од Перт, почнаа бизнис-соработка преку фирма што заеднички ја основаа.

Како што е објавено на Централниот регистар, дејноста на фирмата „Константин енерџи“ е производство на енергија од обновливи извори.

Според податоците од регистарот, фирмата е основана со паричен влог од 5.000 евра.

Директор е Aвстралиецот со македонско потекло, Николче Јовановски. Тој е еден од директорите на „Пела глобал лимитед“, фирма која работи на проекти за рударство и обновлива енергија низ Југоисточна Европа.

Во кратката биографија за Јовановски пишува дека течно говори македонски, член е на дијаспората и клучен за успехот на „Пела глобал лимитед“ како нејзин основач и извршен директор уште од нејзиното основање.

На страницата на „Пела глобал лимитед“ стои дека стратегија на оваа компанија ѝ се: унапредувањето и развојот на проектот за рестартирање на рудникот за кристалот антимон, во Крстов Дол, кај Крива Паланка и проектот за пронаоѓање злато кај кривопаланечко Луке објави Призма во август минатата година.

„Пела глобал лимитед“ и ДФЦ (U.S. International Development Finance Corporation) во Вашингтон потпишаа договор за финансиска поддршка во износ од 5 милиони долари, наменети за истражување на критични минерали во Македонија, за што се пофали и премиерот Христијан Мицкоски, најавувајќи дека антимон ќе се експлоатира од Кривопаленечко и ќе носи во Америка, како дел од Стратешкиот дијалог со САД.

Премиерот Мицковски пред некој ден зборувајки за стратешкиот дијалог  со САД за која 10 тина министри предводени од министерот за надворешни и трговија Муцунски неколку денови престојуваат во Вашингтон и разговараат за продлачочувањето на стратешката соработка лично уште пред да почнат преговорите со восхит се пофали дека ке биде обновен рудникот за антимон во Кривопаланечко Луке.

САД рече Мицковски се зантересирани  за антимонот и нивна фирма ќе ја копа рудата и ќе ја транспортира во Америка на топење и според него обновата на рудникот ќе значи многу за Македонската економија.

фото на насловна призма мк

Back to top button
Close