Фирма од Дебар го загадила Дебарското Езеро со отпадни масла – доби кривична

Фирма од Дебар доби кривична пријава поради испуштање отпадно моторно масло во Дебарското Езеро.

Полицијата поднесе пријава против правно лице од Дебар за загрозување на животната средина и природата со отпадни материи и против Т.Д.(56) од Скопје и А.Д.(55) од Дебар, одговорни лица во правниот субјект, за несовесно работење во службата.

МВР соопшти дека на 19 март одговорните лица дозволиле истек на употребено моторно масло, сопственост на правното лице, во градската канализациска мрежа, а оттука преку поток кај месноста Трап Венец во водите на Дебарското Езеро.

Со тоа, пријавените ги загрозиле животната средина и околината и постапиле спротивно на одредбите од Законот за управување со отпад, Законот за животна средина и од Правилникот за постапките и начинот за собирање, транспортирање, преработка, складирање, третман и отстранување на отпадните масла.

Back to top button
Close