Фирма поврзана со зетот на Минчо го спасува скопски „Бетон“, недоградениот хотел до седиштето на ВМРО се легализира по судски пат

Но, оваа постапка нема да заврши со ликвидација на друштвото, туку, според последните информации до кои дојдовме, со неговата реорганизација, откако бил прифатен планот поднесен од „Фего инженеринг“, во чија сопственичка структура е зетот на Јорданов – Горан Мауровски.
Во меѓувреме, се води постапка за легализација на хотелот што скопски „Бетон“ почна да го гради до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, како дел од договорот со партијата за изградба на нов централен штаб, што беше опфатено со предметот „Талир 2“.
Арно ама, во случајов не се работи за класична легализација на дивоградба согласно законот за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти до 2011 година, туку за легализација преку т.н. вонпроцесна постапка пред скопскиот граѓански суд, од каде што нè информираа дека „се очекува изработка на геодетски елеборат за легализација на предметниот објект“.
Станува збор за вреден и неоптоварен недвижен имот на атрактивна локација.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК






