Физичарка од Лондон напишала над 1.600 биографии за научнички кои никогаш не добиле признание

Колку жени од СТЕМ се изоставени од книгите по историја? Илјадници. Др. Џесика Вејд, физичарка од Лондон ги охрабрува жените да се насочат кон кариери во СТЕМ.

Таа е родена во октомври 1988 година и е британска физичарка во Лабораторијата Блекет на Империал колеџот во Лондон, специјализирана за Раман спектроскопија.

Во нејзините 20-ти почнала да пишува биографии на Википедија за жени научници и научници од малцинствата кои никогаш не биле препознаени.

Денес, таа неделните попладниња ги минува номинирајќи топ жени научници за важни награди и стипендии.

За The Female Quotient таа вели дека ѝ дошло преку глава да гледа научници „коо прават генијални нешта, а не добиваат признание за тоа“. Верува дека тоа што се труди жените научници низ светот да бидат препознаени, ќе ги инспирира следните генерации!

Опради оваа работа Бакингемската Палата и го додели престижниот медал на Британската Империја, за нејзиниот придонес во науката.

Но, што и дава на Вејд надеж за иднината?„Постои една цела заедница од нас, од луѓе кои се гласни и проактивни за менување на академиите. И не сме мала група, туку голема“, вели Вејд.

Нејзината работа претставува исклучителен придонесува кон зголемување на родовата еднаквост во предметите наука, технологија, инженерство и математика. Таа го претставувала Обединетото Кралство на Меѓународната програма за лидерство, финансирана од Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави и била дел од Одборот на млади жени на кампањата WISE и Советот на Женското инженерско друштво (WES), работејќи со наставниците низ целата земја преку Мрежата за стимулирање на физиката.

Вејд е критична за скапите кампањи за поттикнување на девојките кон наука каде се имплицира дека само мало малцинство би било заинтересирано, или дека девојките можат да го проучуваат „хемискиот состав на кармините и лакот за нокти“. Таа проценува дека 5 или 6 милиони фунти се трошат во Обединетото Кралство за промовирање на кариера во наука за жените, но со многу мало мерење на резултатите.

Превод: Марта Стевковска

Back to top button
Close