ФК Вардар ги стартуваше подготовките за пролетниот дел

Фудбалерите на Вардар ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Првиот дел од подготовките ќе го одработуваат на својот тренинг центар, а потоа ќе следи делот во Анталија, Турција каде избраниците на тренерот Гоце Седлоски ќе одиграат и неколку натпревари. На стартот на подготовките недостасуваа африканските фудбалери.

Во Сиде, Турција „црвено-црниот“ табор ќе замине на 13.јануари и ќе биде 21 ден, а планирано е да одиграат шест пријателски натпревари. Досега се познати пет ривали: Јаблонец (Чешка); Мотор Лублин (Полска); Махачкала (Русија); Акхмат Грозни (Русија) и Алашкерт (Ерменија).

Вардар е на лидерската позиција во Првата лига, а воедно е во игра и Купот на Македонија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close