Флик: Победата над Еспањол ќе ѝ даде самодоверба на Барселона пред Суперкупот

 По победата на Барселона од 2:0 над Еспањол синоќа во 18. коло од шпанската фудбалска лига, тренерот Ханси Флик истакна дека резултатот ќе ѝ даде самодоверба на екипата пред Суперкупот на Шпанија.

– Оваа победа ни дава самодоверба. Како и секоја победа. Не беше лесно по паузата поради празниците. Оваа победа ни дава повеќе самодоверба. Да се ​​надеваме дека сè ќе помине добро. Ќе видиме. Многу сум задоволен од она што го гледам на тренинзите. Не беше лесно, но освоивме три бода, изјави Флик за „Марка“.

Барселона има 49 бода и останува на врвот на табелата во Ла Лига. Еспањол е на петтото место со 33 бода.

Полуфиналето на Суперкупот на Шпанија помеѓу Барселона и Атлетик ќе се одржи в среда, 7 јануари.

Back to top button
Close