Флик победи на 15 од првите 18 меча со Баерн во Бундеслигата, повторувајќи го рекордот на Гвардиола

Баерн ја совлада Борусија Дортмунд (1:0) во 28-то коло од Бундеслигата. За клубот од Минхен, оваа победа беше 15. победа на 18 првенствени натпревари од моментот кога на тренерското место дојде Ханс-Дитер Флик.

Единствениот тренер на Баварците кој успеал во ова претходно е Пеп Гвардиола, кој сега работи во Манчестер сити.

По вечерашната победа во дербито, Баерн ја зголеми предноста на табелата пред второпласираната Борусија Дортмунд на седум бода.

Back to top button
Close