Фокс њуз соопшти дека „по грешка“ го отстранила Трамп од фотографија со Епстин и Максвел

– Фокс њуз соопшти дека мрежата „по грешка“ го отстранила Доналд Трамп од фотографија на која биле и Меланија Трамп (тогаш Меланија Кнаус), Џефри Епстин и Гијелн Максвел.

Фотографијата, направена од Гети во Мар-а-Лаго во Флорида на 12 февруари 2000 година, била користена на Фокс њуз за време на прилог емитуван во неделата за неодамнешното апсење на Максвел од страна на ФБИ во Њу Хемпшир во врска со нејзината вмешаност во сексуалниот скандал со Епстин.

„Фокс њуз“ во прилогот го отстранила Трамп од фотографијата.

Епстин, кој се самоуби минатиот август, додека го чекаше судењето, веќе бил регистриран сексуален престапник кога била направена фотографијата.

– Во неделата на 5 јули, во извештај за Гислејн Максвел за време на вестите, Фокс њуз по грешка го отстрани претседателот Доналд Трамп од фотографија заедно со тогашните Меланија Кнаус, Џефри Епстин и Максвел, изјави портпарол на Фокс њуз и додаде дека медиумот „жали за грешката“.

Back to top button
Close