ФОКУС: Дали преку профитабилна препродажба на нива се финансирала партија за изборите?

Препродажба на нива во Делчево, на која требало да се постават фотоволтаици на ЕВН, е во центарот на истрагата на Управата за финансиска полиција, која утринава изврши претрес во домот на таткото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

Како што пренесе „Фокус“ од свои извори, фамозната нива била купена за цена од половина евро за квадрат, од страна  неколку физички лица, кои пак потоа наводно ја продале на ЕВН за неверојатни 400 евра по квадрат. Според нашите сознанија во аферата се вмешани висок службеник вработен во ЕВН, син на градоначалник, како и близок соработник и пријател на политички лидер. Во случајот пак ЕВН, се појавува како оштетена странка.

Но, освен наводната измама, истрагата, според нашите сознанија, допира и до нелегално финансирање на политичка партија за време на последните избори. Засега не ни е познато дали се обезбедени докази за нелегални трансакции кои ќе го потврдат овој сомнеж.

Денеска за овој случај со официјално соопштение излегоа и од Управата за финансиска управа. Оттаму појаснија дека во координација со Основното јавно обвинителство Скопје врши проверки во рамки на предистражна постапка, а по претходно добиени сознанија за извршени сомнителните трансакции на парични средства помеѓу ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и повеќе физички лица.

повеќе

Back to top button
Close