Фокус- Детали за денешната акција на МВР: Кој е поранешниот министер за локална самоуправа кој го пријавил директорот за земање мито?

Поранешниот министер за локална самоуправа од ВМРО-ДПМНЕ во владата на Љубчо Георгиевски, Џевдет Насуфи од Струга е тој што го пријавил директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев за земање мито, неофицијално дознава „Фокус.
Според нашите информации, вмешана е уште една вработена во Агенцијата блиска на актуелниот директор, која наводно била посредникот во целата приказна. Нашите извори тврдат дека досега се приведени четворица, но постои можност да има уште апсења.
Акцијата ја спроведе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во соработка со истражителите од Истражниот центар при ОЈО ГОКК и екипи на Министерството за внатрешни работи.
Според првичните информации, биле извршени претреси на повеќе локации низ земјата поради основани сомневања за коруптивни активности.
Попладнево, тимови од Управата за финансиска полиција, МВР и истражители влегле во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.






