ФОКУС: Груевски од Унгарија се јавувал кај Алек Теранова и барал стан за сопругата и децата

Поранешниот премиер кој е осуден и доби азил во Унгарија, Никола Груевски од унгарски број го барал бизнисменот Александар Ивановски познат како Алек Теранова, и се интерсирал за стан во Центар во којшто ќе може да живеат неговата сопруга и децата, пишува Фокус.

-Во 2018 година после неговото  бегство, добив порака од унгарски телефонски број и Груевски ме прашуваше дали имам станови во Центар во Скопје за неговата сопруга. Му кажав дека немам, дека имам станови само во Аеродром во градба коишто ќе бидат готови во 2020 година, рече Ивановски.

После овој разговор, Груевски го барал и во октомври, ноември 2020 година, односно после отворањето на истрагата за “Плацеви на Водно”, односно по неговот сведочење во Обвинителство.

Ивановски денеска се појави како сведок на Обвинителството и откри дека всушност тој случајно ги нашол и му ги открил “Плацевите на Водно” на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и му посредувал за купување како на добар пријател.

Ивановски е потписник на полномошното за отворање на фирма на “Сирах инженеринг”, фирма ќерка на офшор компанијата од Кипар којашто ги купи спорните плацеви.

повеќе

 

Back to top button
Close