Фокус-КОЈА БАНКА ЌЕ ГО ДАДЕ ЗАЕМОТ?

Веднаш после изборите, Христијан Мицкоски најави финансиски пакет од милијарда евра по моделот договор влада со влада. Денеска беше официјално обелоденето дека договорот за позајмица под поволни услови ќе биде склучен со владата на Унгарија. Но, намесно споменатата сума од милијарда евра, испадна дека договорот ќе биде за половина милијарда евра, со тоа што беше најавено дека македонската влада во иднина има простор повторно да се обрати до Будимпешта за дополнителна финансиска помош, така што не е исклучено дека на крај сумата ќе стигне до милијарда. Пред 3 седмици, „Фокус“ пишуваше дека заемот ќе пристигне од Унгарија, а со средствата ќе се финансираат инфраструктурни проекти.

Финансискиот пакет што ќе го потпишат владите на Унгарија и на Македонија, најверојатно, ќе се реализира преку тамошната државна Ексим банк, која и претходно обезбедувала кредити на земји во развој. Но, според унгарските медиуми, нема силно портфолио за обезбедување толку високи суми.

Угледниот унгарски медиум „Маѓар наранч“ анализираше што би добила Унгарија како земја ако ѝ даде кредит од една милијарда евра на земја со штотуку формирана влада. Новинарите не добиле одговор од банката дали е можно да одобри толку голема сума за друга земја и како е можно да се преговара со политичари што биле опозиција до изборите.

Експорт-импорт Ексим банк има искуство со кредитирање на земји надвор од Европската Унија. Во 2021 година, истата банка ја поддржала владата на Република Српска предводена од Милорад Додик со 116 милиони евра.

– Потпишувањето на заемот ќе овозможи непречено извршување на сите обврски и реализација на планираната политика на Владата на Република Српска – изјавија од Министерството за финансии на Република Српска за балканскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Тогаш медиумите пишуваа дека „десетгодишниот заем, со фиксна каматна стапка од 5 отсто, доаѓа од унгарска банка под контрола на државата, која беше обвинета дека ги финансирала пријателите на премиерот Виктор Орбан, кој бил поддржувач на лидерот на Република Српска, Милорад Додик“.

Меѓу неевропските клиенти на оваа банка се Египет, Лаос, Индонезија и Иран, кој добил кредит од 85 милиони евра за подобрување на билатералната трговска размена.

Во 2020 година, Ексим банка ќе му дадеше на Лаос заем за помош од 160 милиони долари, но граѓанската војна не ја фаворизираше економската зделка, па овој заем на крајот не беше ефектуиран. Слично, во системот беше заглавена египетска ставка, која ќе се однесуваше на продажба на 1.300 железнички вагони, за кои Ексим банка ќе дадеше заем со попуст, но досега ниту тоа не се реализираше“, пишува „Маѓар наранч“.

Според унгарските медиуми, вкупниот износ на средства што Ексим им ги додели на компаниите во Унгарија преку банки и финансиски институции е 1.500 милијарди форинти (3,8 милијарди евра). Ова е рамката на програмата за индустријализација и други заеми за развој на бизнисот.

Средствата и заемите дадени на други клиенти изнесуваат 860 милијарди форинти (2,1 милијарда евра), од кои 420 милијарди форинти или една милијарда евра се наменети за домашни клиенти и 440 милијарди форинти или 1,1 милијарда евра се наменети за странски клиенти. На овие 440 би се додале 358 милијарди форинти (900 милиони евра). Но зошто?“,  прашува магазинот „Маѓар наранч“.

Ова е дел од анализата на Фокус направена на 20 ти минатиот месец само денот кога Христијан Мицковски официјално го откри од негомистично најавувана милијарда евра заем со поволна камата но не преку банка туку заемот ќе биде во договор влада со странска влада.Конепно Мицковски ги потврди шпекулациите во домапната јавност дека милијрдата како кредит ке ни ја даде Виктор Орбан политишарот кај кој 5 години откако побегна од земјава живее како азилант во Унгарија државата на чие чеко е автократот Виктор Орбан.

Целата анализа која порталот ја преобјави попладнево прочитајте ја на фокус.мк

Back to top button
Close