Фокус открива кoj е обвинителот и неговиот шеф кои се „премислија“ и Груби место затворот го испратија дома?

Откако вечерва судија на претходна постапка му одреди куќен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби, во јавноста има реакции кон судот, но во случајот целата одговорност паѓа на грбот на скопското обвинителство, бидејќи тоа побара поблага мерка, а според законската регулатива, судот не може да изрече построга мерка од онаа што се бара.
-Во текот на денот, одбраната на осомничениот, до судот достави предлог за замена на мерката притвор со куќен притвор, кој предлог е проследен до надлежното јавно обвинителство, за да се произнесе по истиот.
Со оглед на фактот дека Jавното обвинителство ја води истрагата и согласно законските овластувања оценува која мерка е соодветна и доволна за непречено водење на истрагата, обвинителството до судот писмено достави позитивно мислење, а воедно на самата расправа за сослушување и Јавен обвинител предложи определување поблага мерка за обезбедување од претходно определената.
Врз основа на сето тоа судот го сослуша осомничениот во присуство на негов бранител и донесе решение за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор со 24 часовен надзор, кој што е доверен на Министерството за внатрешни работи, а дополнително определена е и мерка за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање друг документ за преминување на државната граница, информираа од Кривичниот суд.
Како што дознава ,,Фокус”, предметен обвинител за овој случај е обвинителот Даниел Коцев, а негов шеф е обвинителот Анел Фидоски, кој неодамна беше избран за одговорен на најголемото обвинителство во државата






