Фокус: Што го извади од такт Талат Џафери

.

Собранискиот спикер Талат Џафери, кој деновиве е во центарот на вниманието поради високиот тон и пцостите упатени кон вработени во собраниската администрација, денеска истакна дека навредите не биле упатени кон вработените, туку, како што рече, кон нивниот однос кон работата.

–Ако сметаат дека во работно време треба да бидат на улица Македонија и да прават грешки во својата работа за која се платени, во тој случај не сум согласен и реагирав соодветно – рече Џафери на брифинт со новинарите.

Но, што точно им замерил Џафери на собраниските служби, што ја предизвика неговата нервозна реакција на денот кога опозицијата почна да ја применува активната блокада на Законодавниот дом? Собраниски извори за Фокус раскажуваат дека тогаш се случиле повеќе пропусти во разни сегменти.

–Прво, во пленарната сала не беа присутни луѓето задолжени за броење на присутните пратеници во салата. Пратеничките групи пријавуваат листа со пратеници кои ќе земат збор, но службите треба да утврдат дали се тука – објаснуваат нашите соговорници.

Потоа, додаваат тие, Џафери побарал од собраниското обезбедување да ги затвори вратите, но припадникот на обезбедувањето не реагирал на повикот, бидејќи бил зафатен со мобилниот телефон. Според нив, проблем бил фактот што најмладиот и најнеискусен администратвец бил оставен да раководи со техничкиот центар.

–На крајот, чашата ја прели несоодветно подготвеното сценарио за седницата. На тој ден, се испомешаа точките на дневен ред, бидејќи мнозинството прифати дел од барањата на опозицијата. Па, спикерот сакаше да ја започне седницата со 13-тата точка, а сценариото беше до 7-тата точка – велат собраниски извори.

Целиот текст на фокус.мк

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close