Фокус: Скопската АЛПХАПХАРМ ГРОУП ДОО во април 2024 добила лиценца за одгледување канабис за медицински цели

По нарко аферата, односно откако во Србија беа запленети пет тони марихуана, а за кои сомнежот е дека се изнесени од македонска компанија која имала лиценца за одгледување на медицински канабис, повторно се отвори прашањето за работата на овие фирми и за контролата врз нивната работа.

Од редакцијата на Фокус прашале во Владата колку вкупно фирми имаат ваква лиценца.

-Ви посочуваме дека во периодот од стапување на сила на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции (објавен во Службен весник на Република Македонија 27.12.2017 година) до 3 февруари 2026 година Владата донела одлуки за давање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели за 61 правно лице, ни одговорија од Владата.

Повеќе

Back to top button
Close