“Фокус“: Тројцата осомничени во случајот со убиената Вања се сами во посебни соби во Шутка, за да не се соочат со револтот на другите притвореници

Тројцата осомничени за случајот со киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, кои завршија зад решетки и добија 48-часовен притвор се сместени секој сам и во посебни простории во Шутка, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, штипјанецот Влатко Кешишов, велешанецот Велибор Манев и валешанецот Боре Видоевски се ставени секој посебно, за да не бидат мета на револтот на другите притвореници. Дел од нив се жалеле и на здравствени проблеми, но немале некои поголеми потешкотии.

Во моментот на распит во Кривичниот суд, кај судија на претходна постапка е таткото на убиеното 14-годишно девојче Александар Ѓорчевски, за кој исто така се бара 48-часовен притвор и кој најверојатно ќе заврши во Шутка.

Сепак, првоосомничениот Љупчо Палевски -Палчо се уште е во бегство, а се смета дека тој пукал и во девојчето, но и во 74-годишниот Панче Жежовски.

Целта на киднапирањето била од користољубие, поточно главна цел била мајката Зорица, од која требало да се изнудат пари.

Фокус

Back to top button
Close