Фокус: Велковски како советник во Чаир, именуван од Арсовска и за секретар на Град Скопје

Ѓоко Велковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во моментот е советник во скопската општина Чаир, истовремено е именуван и за секретар на Град Скопје од актуелната градоначалничка Данела Арсовска во периодот кога таа стапува на функциja, неофицијално дознава „Фокус“.

Според документите со кои располагаме, во случајот постои конфликт на интереси, што е спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, каде се тврди дека избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција, која ја врши со други функции.

-Нашите извори тврдат дека за овој случај веќе е поднесена претставка до Антикорупциска комисија. „Фокус“ се обрати до ДКСК, од каде ни потврдија дека веќе има поднесено претставка и дека постапката за овој случај е во тек.

Документите, исто така покажуваат дека Велковски како секретар на Град скопје зема плата од 50.000 денари, додека како советник во Чаир 18.000 денари.

Целиот текст на Фокус.мк

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close