Фокус: Вработен во министерство присуствувал на уреднички колегиуми и бил претставуван како советник на директорот на МРТ?!

Јавниот сервис МРТ на својата страница објави записник од седница на Програмскиот совет која се одржала пред две недели, а на која покрај останати теми на дневен ред, се дискутирало и околу тоа дали политичките партии го зголемуваат притискот врз МРТ пред изборите, но и дали вработен во едно министерство присуствувал на уреднички колегиуми на Вториот програмски сервис, и наводно бил претставуван како советник на директорот Марјан Цвтековски, односно како негов заменик директор, пишува Фокус.

Овие прашања ги поставила Снежана Клинчарова, која е член на програмскиот совет.

 

– Advertisements –

 

 

Како што е наведено во записникот, во точката разно за збор се јавила Снежана Клинчарова и побарала одговори за две значајни прашања:

 

-Програмскиот совет да добие информација за забелешката во последниот извештај на Европската Комисија дека во Јавниот сервис МРТ потребно е да се реализираат реформи. За какви реформи станува збор?

-Дали политичките партии го зголемуваат притисокот врз МРТ пред изборите во 2024, како врз првиот, особено врз вториот програмски сервис?

Се зборува дека извесен господин, вработен во едно од министерствата на Владата,речиси секојдневно бил присутен на уредничките колегиуми на Вториот програмски сервис и божем, суштински влијаел во уредувањето на програмата.

Повеќе

Back to top button
Close