Фокус: Зошто Мицкоски во биографијата не ги навел уделите во приватни компании?

Премиерот Христијан Мицкоски, во биографијата што ја достави до Собранието во својство на мандатар, детално го навел работното искуство на Машинскиот факултет, објавените публикации, сработените проекти и добиените награди и признанија, но не навел податоци за неговото делување во бизнис секторот, пишува Фокус.

Поточно, тој напишал дека ги минал сите скалила од помлад асистент и асистент, преку доцент до вонреден и редовен професор, а го навел и работното искуство во компанијата „Фонко“ како главен и одговорен проектант на термотехнички инсталации. Меѓутоа, не напишал дека поседувал удели во други 2 компании – „Фонко Хидро“ и „Енергетотек“.

Извадок од биографијата на Мицкоски.

Премиерот Мицкоски во континуитет покажува исклучително високо ниво на транспарентност за неговото професионално искуство и активностите што ги има преземено во минатото. Едно е биографија, а друго е каде некогаш имал удел или работел.

Во биографијата што ја испрати до Собранието тој го наведува својот работен ангажман во компанијата „Фонко“, бидејќи станува збор за негова прва значајна професионална улога. Во „Фонко“ работел најпрво како инженер за климатизација, а потоа како одговорен проектант на системи за климатизација и вентилација.

Последната понуда во таа компанија е да биде директор на претставништвото на компанијата во Полска, но одлуката на Мицкоски е да се вклучи во академската средина и да биде дел од наставниот кадар на Машинскиот факултет, станувајќи асистент на проф. д-р Емилија Ветаџоковска, заминувајќи си од „Фонко“.

Додека „Фонко Хидро“ е компанијата што ја основал заедно со еден од сопствениците на „Фонко“ во 2010 година. Основна дејност на компанијата била проектирање, инженеринг и изведба на енергетски објекти. Компанијата целосно ја напушта и уделот го продава првата година откако станал претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуката, пак, да не се спомене друга компанија („Енерготек“) е резултат на фактот што тоа не е воопшто релевантно за конкретната функција што тој ја извршува. Овие податоци во континуитет се непроменети, проверени, објавени и доставени до сите институции, кои се валидирани. Благодариме за вашиот придонес кон разјаснување и дообјаснување на фактите, кои се во полза на премиерот“, гласи одговорот што го добивме од Владата.

КОНЦЕСИЈА ЗА МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ

Неодамна, неделникот „Фокус“ пишуваше на кој начин „Енерготек“, каде Мицкоски беше партнер со Сашо НаумоскиОрце ТодоровскиДимитар ДимовскиТрајче Николоски и Стефан Трајкоски (Мицкоски и Трајковски своевремено биле содружници и во „Фонко-Хидро“), стекнала концесија за 3 мали хидроцентрали.

повеќе

Back to top button
Close