Фолк пејачот Блаже Богев ја изгуби битката со болеста

По една година борба со тешката болест, фолк пејачот Блаже Богев починал вчера на 68-годишна возраст, во Скопје во геријатриски центар – објави Фокус.мк

Можеби ќе ве интересира
Српски пејач заразен со коронавирус побегнал од болница

 

Кавадарчанецот кој целиот свој живот и го посвети на музиката, и до последно веруваше дека повторно ќе застане на сцената, не се избори со тешката дијагноза – тумор на малиот мозок.

Неговиот син Роберто за „Фокус“ ја потврди веста за неговата смрт. Вели дека семејството минува низ тежок период, но си спомнува дека и целата измината година им минала тешко, во надеж дека Блаже сепак ќе се спаси.

Back to top button
Close