„Фолксваген“ во САД исплати 9,5 милијарди долари казна за случајот„дизелгејт“


Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ плати казна од 9.5 милијарди долари како компензација за оштетените сопственици во случајот со маниулација на податоците за составот на штетни состојки во издувните гасови на дизелните автомобили. 

Ова синоќа го соопшти Федералната трговска комисија на САД (ФТЦ), јави дописникот на МИА од Вашингтон. 

За тоа дека Фолксваген во САД продавал коли со компјутерска програма која ги снижувала реалните податоци за штетните супстанци во издувните гасови се дозна уште во 2015 година.  

Сепак, судот пресуди дека гераманскиот автоконцерн е виновен поради махинации со намалување на индикаторите за издувни гасови дури летото 2018 година. За време на судскиот процес, претставници на компанијата признаа дека правеле махинации и ветија дека ќе поправат или откупат 550 илјади неисправни коли. 

Според информациите, 86 проценти од сопствениците на неисправни Фолксвагени и Поршеа одбрале производителот да ги откупи нивните автомобили.  

Поради „дизелгејт“, неколку топ менаџери и технички дирекори, како и екс-претседателот на компанијата, Мартин Винтеркорн, си дадоа оставка. Винтеркорн и пет други менаџери подоцна беа дадена на суд во Мичиген „поради тоа што извршиле свесна и планирана измама“ за да се изиграат регулациите за издувни гасови на САД.

Back to top button
Close