Фон дер Лајен денеска во Тирана, ќе се сретне со премиерот Рама

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе ја посети Тирана во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан.

Според официјалната агенда објавена од прес-службата на кабинетот на премиерот, во 14:30 часот ќе се одржи церемонијата на пречек на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“. Потоа во 15:45 часот во кабинетот на премиерот ќе се одржи билатерална средба на двете делегации.

Заедничката прес-конференција на Лајен и Рама е планирана за 16:30 часот.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера ја започна својата балканска турнеја со посета на Скопје. Денеска, пред Тирана ќе ја посети Приштина, утре ќе престојува во Белград и Сараево а последна дестинација е Подгорица, каде ќе престојува на 29 месецов.

Back to top button
Close