Фон дер Лајен ќе се обрати пред македонските пратеници

Собранието на Македонија за четврток закажа седница во врска со францускиот предлог, кога, како информираа од Собранието, треба да се обрати и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Владата, според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.

Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.

Back to top button
Close