Фон дер Лајен: ЕУ подготвена да му помогне на Либан

 Европската унија е подготвена да му помогне на Либан со повластена трговија и царинска поддршка, со цел земјата да ги санира последиците од страшната експлозија во Бејрут, изјави денеска претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Комисијата е подготвена да испита како може да ги подобри нашите трговски односи во ова предизвикувачко време, особено во смисла на натамошно повластено тргување и царинско олеснување, рече Фон дер Лајен по телефонскиот разговор со либанскиот премиер Хасан Диаб.

Таа понуди помош и за реконструкција и закрепнување на Бејрут, како и посредување во преговорите со меѓународни финансиски институции за помош.

Досега ЕУ испрати 100 пожарникари и воени бродови за медицинска евакуација во Либан и го активираше сателитскиот систем за мапирање Коперник за да се олесни пребарувањето.

Back to top button
Close