Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти за нови санкции против Русија по синоќешниот ракетен и напад со дронови врз Киев, во кој беше оштетено седиштето на Делегацијата на ЕУ во украинскиот главен град.
„Синоќешниот напад покажува дека Кремљ нема да запре пред ништо за да ја тероризира Украина, неселективно убивајќи цивили – мажи, жени и деца, па дури и гаѓајќи ја Европската Унија“, рече фон дер Лајен во соопштение за медиумите.
Таа додаде дека две ракети паднале на растојание од 50 метри од зградата на Делегацијата на ЕУ во рок од 20 секунди и дека никој од персоналот не е повреден.
Таа објави дека ЕУ ќе продолжи да врши максимален притисок врз Русија.
„Ова значи заострување на нашиот режим на санкции. Наскоро ќе излеземе со 19-тиот пакет строги санкции. Паралелно, напредуваме во работата на замрзнатите руски средства за да придонесеме за одбраната и обновата на Украина“, рече фон дер Лајен