Фон дер Лајен и Трамп се договорија за средба, сè уште нема датум
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија за време на разговорите на маргините на погребот на папата Франциск во Рим да се сретнат на сè уште неопределен датум.
„За време на краткиот разговор, претседателката Фон дер Лајен и претседателот Трамп се согласија да се сретнат“, изјави портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо, без да даде дополнителни детали.
Ова е објавено во време на високи тензии во трансатлантските односи и кога ЕУ е во процес на преговори со американската администрација за укинување на царините воведени од претседателот Трамп.
Трамп не крие дека не ја сака многу ЕУ и истакнува дека претпочита средби со поединечни лидери на земјите-членки отколку со претставници на европските дваесет и седум