Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, приоритет ни е стабилна ЕУ
Урсула фон дер Лајен, кандидатката за втор мандат на чело на Европската комисија, пред Европскиот парламент (ЕП) ја претстави својата програма за следните пет години, доколку биде реизбрана.
„Клучниот приоритет“ на нејзината Комисија ќе биде комплетирањето на ЕУ, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека ЕУ мора да покаже дека иднината на Западен Балкан, како и на другите земји, ќе биде во ЕУ. Во текот на денот ќе се гласа за претседател на ИК.
Урсула фон дер Лајен, кандидатката за втор мандат на чело на Европската комисија, пред Европскиот парламент (ЕП) ја претстави својата програма за следните пет години, доколку биде реизбрана.
– Клучниот приоритет на нејзината Комисија ќе биде комплетирањето на ЕУ, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека ЕУ мора да покаже дека иднината на Западен Балкан, како и на другите земји, дека ќе бидат во ЕУ. Во текот на денот ќе се гласа за претседател на ИК.
Урсула фон дер Лајен во Стразбур, пред гласањето во ЕП за нејзината кандидатура, нагласи дека ЕУ ќе ги поддржи кандидатите за членство во блокот со тоа што ќе работи на инвестиции и реформи и ќе ги интегрира каде што е можно во правната рамка на ЕУ.
Таа нагласи дека пристапувањето секогаш ќе биде процес заснован на заслуги и додаде дека ЕУ ќе се погрижи сите земји да бидат подготвени за членство пред да влезат во ЕУ.
-Но, комплетирањето на нашата Унија е и во наш суштински интерес и тоа ќе биде клучен приоритет на мојата Комисија, рече Фон дер Лајен со коментар дека историјата повторно повикува“
Таа изјави дека Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија направиле слободен избор.
„Тие ја избраа слободата наместо угнетувањето. Тие ја избраа демократијата наместо зависноста, а некои од нив плаќаат многу висока цена за овој избор. И ние мора да го направиме нашиот избор и да покажеме стратешка определба дека нивната иднина ќе биде слободна и просперитетна и дел од нашата ЕУ, рече Фон дер Лајен.
Таа при презентацијата на програмата подвлече дека соседството на ЕУ е „домот на нашата иднина“ и изјави дека поканата на земјите во Унијата е морална, историска и политичка одговорност.
Фон дер Лајен: Мора да и дадеме на Украина сè што и треба
Фон дер Лајен ја повтори својата поддршка за Украина и покрај патувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Москва како дел од мисијата за помирување.
-Оваа таканаречена мировна мисија не беше ништо друго освен мисија за смирување, рече таа во обраќањето пред Европскиот парламент, каде што ќе се обиде да добие втор мандат и повторно да стане претседател на ЕК.
Таа вели дека Русија се потпира на тоа дека Европа и Западот ќе омекнат, а некои во Европа си играат со тоа. На крајот таа инсистираше на тоа дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина сè додека е потребно.