Фон дер Лајен: Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот предлог стои – македонски јазик, без квалификации од ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во својот денешен говор во македонското собрание, говорејќи за ревидираниот француски предлог рече дека ја слушнала загриженоста кај дел од политичките субјекти и на јавноста во поглед на македонскиот јазик и порача дека ЕУ целосно го почитува јазикот и поради тоа во ревидираниот извештај бил наведен како македонски јазик, без квалификации од страна на ЕУ.

„Доколку одлучите да го одобрите ревидираниот француски предлог, во следните неколку дена ќе се одржи политичка меѓувладина конференција. Ние како комисија, тогаш веднаш ќе започнеме со процесот на проверка или скрининг на европското право. Ова е првиот чекор во пристапниот процес. Почитувани македонци, внимателно ја слушав загриженоста во однос на македонскиот јазик и идентитетот. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ќе повторам, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот предлог стои – македонски јазик, без квалификации од ЕУ“, рече фон дер Лајен.

Фото: Алсат

Back to top button
Close