Фон дер Лајен: Во пристапниот процес и преговорите има јасни чекори за владеење на правото и борбата против корупцијата


Северна Македонија како и другите земји ќе мине низ овие реформи, ќе биде посилна. Веќе многу имате завршено, интензивно работевте и препорачувам да се види Извештајот што беше објавен, но секако има уште многу што треба да се заврши, рече претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, одговорајќи на новинарско прашање во врска со борбата со криминалот и корупцијата во земјава.

По заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, Фон дер Лајен порача дека и секоја земја што се приклучила кон ЕУ минала низ овие процеси и ги остварила тие реформи.

-Имаме Извештај за владеење на правото во рамките на ЕУ за постојано одново и одново да се зацврстуваат институциите кои се борат со организираниот криминал, кои се борат со корупцијата и кои се занимаваат со владеењето на правото, истакна Фон дер Лајен

Back to top button
Close