Фондација Заев донираше уролошки апарат за дијагностиkа на болницата во Струмица

Еден од најважните фундаменти врз кој почиваат  постоењето и дејствувањето на  Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ е и унапредувањето на јавното здравје. Како дел од активностите за  доследно исполнување на зацртаните цели и стремежи во оваа област,  нашата Фондација изврши донација на апарат за дијагностика од областа на урологијата, за ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица. Станува збор за исклучително важен дијагностички апарат кој ќе значи многу за струмичките уролози од оваа институција, а пред се за граѓаните кои се соочуваат со уролошки проблеми и заболувања.

Здравјето на граѓаните е пред се. Токму затоа унапредувањето на јавното здравје и понатаму ќе биде еден од приоритетите на нашата Фондација.

 

Back to top button
Close