Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии

За петнаесет години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала 619 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а за досегашните активности инвестирани се близу 120 милиони денари.

 

За учебната 2022/2023 година Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Еднократната парична награда во висина од 1.200 евра во денарска противвредност, која ја доделува Фондацијата дванаесетта година по ред за првенците на генерациja на двата факултета, годинава им припадна на Филип Горачинов од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,19) и на Стефан Неделкоски од Медицинскиот факултет (со просек 10,00), стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Во с
огласност со објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2022/2023 година е усвоен од Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од комисиите за распределба на стипендии, во чиј состав членуваа претставници од Фондацијата, од двата факултета, како и претставници од редовите на студентите.

– Во мај 2007 година ја формиравме Фондацијата „Трајче Мукаетов“ со една единствена цел: да биде додадена вредност на македонското здравство и фармација. За 15 години постоење, стипендирани се 619 студенти по фармација и медицина на државниот универзитет во Скопје, доделени се 24 еднократни парични награди на првенци на генерациите на двата предметни факултета, за кои активности инвестирани се близу 120 милиони денари. До денес, 97 стипендирани студенти ги отпочнале своите кариери во фармацевтските оддели на „Алкалоид“. Децениските инвестиции во едукација на македонските лекари и фармацевти, програмите за практикантство, за парцијалнодуално образование и слични проекти се насочени кон подигање на квалитетот на образовниот процес, стимулирање на студентите кон повисоки достигнувања и градење идни квалитетни и конкурентни професионалци. Нашите операции се комплексни и засновани на научни методи, а за нив потребни се стручно профилирани кадри. Благодарение на високата селективност при регрутирањето и континуираните вложувања во сферата на едукацијата, денес конкурентно и достоинствено се носиме на глобалниот фармацевтски пазар – изјави Живко Мукаетов, претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид АД Скопје.

Back to top button
Close