Форд“ повлекува половина милион возила поради проблеми со сопирачките

Американскиот производител на автомобили „Форд“ повлече речиси 500.000 возила во САД поради проблем со системот за сопирање, соопшти денеска Националната управа за безбедност на сообраќајот (НХТСА).

Повикот за повлекување се однесува на теренецот „Форд Еџ“ произведен помеѓу 2015 и 2018 година, како и на луксузниот „Линколн МКХ“ од периодот 2016-2018 година.

Според официјалниот извештај, можното пукање на цревото во системот за сопирање на споменатите возила би можело да доведе до истекување на течност и да го зголеми ризикот од сообраќајна несреќа.

Компанијата сепак истакна дека досега не е пријавен ниту еден инцидент, ниту повреда поврзана со овој проблем.

НХТСА проценува дека приближно еден процент од овие возила навистина го имаат наведениот дефект.

Покрај тоа, „Форд“ истовремено повлече и повеќе од 213.000 возила поради неисправни задни светла, како и околу 100.900 автомобили кај кои постои ризик воздушното перниче да се скине при активирање.

Back to top button
Close