Формирање на семејни центри за врсничко насилство во секоја општина, предлага ЛДП
По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, ЛДП предлага отворање на Семејни центри во секоја општина.

Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство.
-ЛДП предлага формирање на Семејни центри во секоја општина. Во нив ќе има социолози, психолози, социјални работници и семејни терапевти, кои ќе работат со децата, но и со родителите. Истите ќе бидат надлежни да даваат совети, да ги ислушаат проблемите, но и да нудат едукација.
Подобро е да спречиме отколку постојано да ‘лечиме’ нешто што некогаш не се ни лекува. Превенцијата не е трошок, превенцијата е инвестиција во иднината на Македонија – вели Зајкова.
Јанкоски во видеото посочува дека премалку вложуваме во превенција, а премногу чекаме проблемот да стане сериозен.
-Секој ден гледаме видеа од врсничко насилство. Овие деца не се родени насилници, тие се производ на систем кој бавно реагира, на општество кое занемарува семејство, воспитување и ментално здравје – вели тој





