(Фото) Автомобил удрил во мотоциклист: трета ваква сообраќајка за помалку од 24 часа
Нова сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотоцикл се случи вечерва во скопската населба Даме Груев (Геге).

Според првичните неофицијални информации, до несреќата дошло кога автомобил при вклучување од споредна на главна улица удрил во мотоциклист.
На местото на настанот може да се забележи дека дел од мотоциклот завршил под автомобилот, што укажува на силата на ударот.
Засега нема официјални информации за здравствената состојба на мотоциклистот, ниту дали има повредени лица.
Сообраќајот во делот каде што се случила несреќата се одвива по една сообраќајна лента, а се очекува пристигнување на полициски екипи и спроведување увид.
Повеќе детали за околностите на несреќата се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.
Инаку за помалку од 24 часа, ова е трета несреќа помеѓу мотоцикл и автомобил.






