Фото-Баник и торта за годишнина на здружението Цар Борис Трети во Охрид
Со торта и свеќа со бројот еден, баник и скара, здружението Цар Борис Трети во чиј склоп во Охрид се отвори истоимениот бугарски клуб, се славела една година од постоењето.
Фотографии од настанот се објавени на страницата на клубот, со порака дека на годишнината присуствувал голем број на членови, но и пријатели на клубот.
![received_2399057920245233](https://fokus.mk/wp-content/uploads/2022/11/received_2399057920245233.jpeg)
Со торта и свеќа со бројот еден, баник и скара, здружението Цар Борис Трети во чиј склоп во Охрид се отвори истоимениот бугарски клуб, се славела една година од постоењето.
На роденденот покрај членови и пријатели на здружението биле и генералниот конзул и дипломати од генералниот конзулат во Битола.
Помеѓу присутните може да се забележи и охриѓанецот Томе Блажевски, кој е претседател на клубот, но и финансиерот на бугарските клубови во земјава, Милен Врабевски.