ФОТО: Бебе Реџа се огласи по ударот со телефон

Додека настапуваше во Њујорк, Бебе Реџа беше погодена со мобилен телефон во главата, по што падна на сцената.  По инцидентот, нејзината мајка откри дека пејачката била и шиена.

Пејачката подоцна објави фотографија на Инстаграм профилот, каде може да се забележи помодреното око и конците на раната.

Магазинот „Пипл“(People) пренесе дека виновникот за овој немил инцидент е веќе уапсен. Николас Малвања од Њу Џерси, е обвинет дека го фрлил телефонот.

Back to top button
Close