(ФОТО) БГНЕС: Вулгарни антибугарски транспаренти на ракометен натпревар во Битола

Бугарската агенција БГНЕС денеска објави фотографија од транспарент на вчерашниот ракометен натпревар во Битола, меѓу екипите на Пелистер и Вардар, нарекувајќи ги „цинични и вулгарни против Бугарите”.

„И покрај сериозното полициско присуство, ниту еден службеник за спроведување на законот не се обиде да ги отстрани или побара симнување на транспарентите. Досега ниту спортската федерација ниту Агенцијата за спорт не го осудиле чинот. Немаше реакција од политичките партии, како и од МНР на Бујар Османи“се вели во веста од дописникот на агенијата.

Агенцијата објави и фотографија од еден од транспарентите на кои пишува: „Уште пред 20 го уништивме ‘Радко’, сега вие ко п…и спиете слатко“.

Инаку агенцијата потсетува дека „Радко“ е првото бугарско здружение во РСМ и е наречено според еден од псевдонимите на Иван Михаилов.

БГНЕС коментира дека начинот и стилот на пишување на транспарентите потсетуваат на оние со кои беа изработени антибугарски транспаренти при посетата на бугарската делегација на Битола на отворањето на Центарот за култура на Здружението „Иван Михаилов“ пред две недели.

 

 

 

Back to top button
Close