ФОТО: Блокиран патот Виница – Берово: Жителите на Блатец на протест против хидроцентрала на Блатешница
Жителите на село Блатец денес искочија на протест на местото Скараница. Тие го блокираа регионалниот пат Виница – Берово, како револт против најавите за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница.

Тие се противат на изградбата на хидроцентралата на реката Блатешница оти сметаат дека овој проект претставува сериозна закана за природната средина, водоснабдувањето, локалната заедница и идните генерации. Според нив водоводниот систем на Блатец директно зависи од реката Блатешница, а изградбата на хидроцентрала би можела да ја намали количината на вода што пристигнува во водоводот.
„Бараме владата да ја поништи концесијата за река Блатешница“, „Реката дише не ја задушувајте“, „Слушнете го народот, не инвеститорот“, „Не ја гасете иднината за профит“, се само дел од пораките кои ги испратија жителите.






