(ФОТО) Целосно уништен еден од автомобилите во сообраќајката во која загинаа две лица на магистралниот пат Радовиш-Штип

Од фотографијата која ја објави порталот „Струмица денес“ се гледа дека предниот дел од едното возило има сериозни оштетувања, како и дека е удрена и возачката страна на автомобилот

Фото: „Струмица денес“
Фото: „Струмица денес“

Две лица кои управувале со автомобилите марка „опел“ и „пасат“ попладнево загинале во сообраќајка, која се случила на магистралниот пат Радовиш-Штип, информира СВР Струмица.

Сопатничката од едното возило е повредена и е пренесена во штипската болница.

Од фотографијата која ја објави порталот „Струмица денес“ се гледа дека едниот од автомобилите е целосно уништен. Неговиот преден дел има сериозни оштетувања, а згмечена е и возачката страна на автомобилот.

Според фотографијата, на местото на настанот помош укажале и оние кои со возила се движеле по овој магистрален пат.

Во моментов сообраќајот на овој дел се одвива по стариот пат.

Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајка на магистралниот пат Радовиш–Штип.

Според информациите добиени од СВР Струмица, полицијата повеќе детали за несреќата најавува во текот на утрешниот ден.

Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител.

Back to top button
Close