ФОТО: „Дарував крвна плазма затоа што сметам дека ја зголемуваме шансата и надежта да помогнеме“

Фејсбук статус на министерот за здравство Венко Филипче:

„Дарував крвна плазма затоа што сметам дека ја зголемуваме шансата и надежта да помогнеме на секој оној којшто се бори против ковид-19. На 22 јуни ми беше дијагностициран коронавирус и го прележав во период од две недели. Среќна сум бидејќи имав лесни симптоми. Со дарувањето на конвалесцентна плазма сакам да помогнам на тие кои во овој момент се борат со вирусот, а нивните симптоми се значително посилни. Ги охрабрувам сите кои се мислат дали да даруваат крвна плазма и воедно ги исполнуваат условите за тоа, да го сторат истото без двоумење. Постапката за проверка на присуство на антитела е брза, лесна, ефикасна и организирана, а чувството е прекрасно кога знаете дека можеби ќе помогнете некому во борбата против коронавирусот.“ – вели Билјана Чочовска (43), излекувана пациентка од ковид-19.

Back to top button
Close