ФОТО: Десетици паднати дрвја, покриви, блокорани улицо… откажана наставата во Загреб по силниот ветер
Градот Загреб штотуку ја објави одлуката за прекин на наставата откако бурните ветрови со налети на ураган предизвикаа бројни проблеми низ целиот град во текот на ноќта и утрото. Во неколку населби се регистрирани паднати дрвја, оштетувања на покриви и расфрлани ќерамиди, гранки и делови од огради на патиштата, додека некои семафори се нефункционални или исклучени, што дополнително го отежнува сообраќајот.

„Поради опасните временски услови предизвикани од бурните ветрови со налети на ураган, а со цел да се заштити безбедноста на учениците во сообраќајот, наставата денес нема да се одржува во основните и средните училишта во Загреб. Одлуката ја донесоа Градот Загреб и Министерството за наука, образование и млади“, соопшти Градот.
„Доколку децата не можат да останат во своите домови, можат да доаѓаат во училиштата каде што ќе им биде организиран престој. Градинките ќе работат редовно, иако се препорачува децата да останат во своите домови доколку е можно“, додадоа тие.
Прекини се регистрирани и во јавниот превоз, каде што некои трамвајски и автобуски линии не работат или имаат заобиколни патишта поради пречки на патиштата, а службите за итни случаи се на терен. Снежни врнежи се регистрирани и во повисоките делови на Загреб.
Повеќе загребски улици се блокирани од огромни дрвја кои беа турнати од ветрот, а штети има и на објекти на болници, градинки, училишта и фирми (nezavisen.mk)





