ФОТО: Девет години од страотните поплави во Стајковци во кои загинаа 22 лица

Дотогаш незапаметеното невреме започна во попладневните часови, кога целиот Скопски регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. На 6 август 2016 година за 24 часа во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.
Луѓе од целата држава, координирани од Црвениот крст, кризниот штаб и надлежните институции, во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите, а 8 август беше прогласен за Ден на жалост.
Управата за хидрометеоролошки работи во извештаите по невремето тогаш информираше дека на Зајчев рид – главната метеоролошка станица во Скопје, бил забележан рекорден интензитет за петчасовни врнежи од 84,5 милиметри.