ФОТО: Донесена одлука за ограничена продажба на зејтин во маркети

Од денеска почна да важи одлуката за продажба на ограничено количество на сончогледово масло во продавниците.

Трговците треба да определат количество на масло кое смее да го купи еден потрошувач и се препорачува ограничување на купување неколку шишиња без можност за купување цели пакети или палети зејтин.

Одлуката е донесена поради забележана појава на купување на поголемо количество на масло за јадење, а во изминатиот период се купувало зејтин повеќе од просечната потрошувачка на овој продукт. Со одлуката треба да се спречи “непотребната појава на недостаток на сончогледово масло за јадење на полиците”.

Мерката за ограничување ќе трае до 31-ви мај. За нејзина примена, контрола ќе врши пазарната инспекција.

Трговците на мало доколку забележат муштерии кои сакаат да купат поголемо количество на масло за јадење треба да ја алармираат и известат инспекцијата, стои во одлуката потпишана пд министерот за економија.

Министерот Бектеши во емисијата Топ Тема на Телма тврдеше дека има довочно масло но се купуваат поголеми количества за препродажба што според него се гледало од купување на многу ппголема количина масло од просечната потрошувачка.

Потребите на едно семејство се три шишиња масло месечно според статистиката за потрошувачката кошничка, соопшти Бектеши

 

 

Back to top button
Close